Објавено на:

Абердин бара четири милиони фунти: Бивш премиерлигаш заинтересиран за Миовски

t

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра одлично во дресот на Абердин, а тоа повторно привлече интерес од поранешниот премиерлигаш Саутемптон, кој и претходно сакаше да го купи 24-годишниот напаѓач.

Шкотските медиуми пишуваат дека Саутемптон планира да испрати понуда до крајот на летниот преоден рок, а Абердин за трансферот бара четири милиони фунти.

Саутемптон ќе го нападне Абердин во следните денови, а причина за тоа е тренерот Расел Мартин, кој веќе некое време го следи Миовски.

„Светците“ најпрво ќе се обидат да го продадат Че Адамс, кој привлече интерес од Евертон, а тоа ќе им го отвори патот кон потписот на Миовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…

ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…

Доаѓа невреме во Македонија

Во нашата Република Македонија се до петок…

Што се случува во РЕК Битола, врие…

Во моментов огромно полициско присуство има во…

Откако цела Македонија ги виде заканите кон…

Дел од родителите на починатите во трагедијата…

Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…

Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…