Абрамович се враќа во фудбалот – ќе го купи идниот клуб на нашиот Димитриевски!
Рускиот тајкун, Роман Абрамович, кој поради војната во Украина беше приморан да го продаде Челси, е на добар пат да му се врати на фудбалот, откако изразил заинтересираност да купи клуб од Шпанија.
Милијардерот, наводно, сакал да дојде до мнозинството акции во Валенсија, која е во финансиска криза, која сака да ја намали со продажба на голманот Гиорги Мамардашвили за 30 милиони евра, кој би бил заменет со нашиот Столе Димитриевски како слободен агент. Сегашниот сопственик на „лилјаците“, Петер Лим, уште пред две години се обиде да му го продаде клубот на Абрамович за што бараше 250 милиони евра, колку што беа и долговите на клубот.
Русинот стана сопственик на Челси во 2003 година, а си замина во 2022 година поради санкциите за руските олигарси поради војната во Украина. Лондонци во негово време пет пати беа шампиони на Англија, пет пати го освоија ФА Купот пет пати, трипати Лига Купоти по двапати беа најдобри во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…