Авионската линија Скопје – Софија станува реалност: Кога ќе се реализира првиот лет?

t

Од Владата информираат дека наскоро ќе биде воспоставена авионската линија Скопје-Софија.

Ова е целосното соопштение:

„Првиот лет од Софија до Скопје пристигнува на 11 февруари, каде со бугарска делегација предводена од министерот за транспорт и комуникации на Република Бугарија, Николај Сабев, придружуван од бугарските тур-оператори, ќе оствариме заедничка средба и ќе разговараме за отворање на нови можности за нашите граѓани и за воспоставување на авиолинијата Скопје – Софија како редовна”, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска од Кочани.

Министерот Бочварски очекува оваа авиолинија да ги поврзе двата главни градови и да започне редовно да оперира од почетокот на месец март.

Тур – операторите од двете земји, на заедничката средба, ќе понудат и трета дестинација, екстензија од летот Софија – Скопје, која треба да понуди нови можности за нашите граѓани, а ќе донесе како туристички, така и економски бенефит.

„На 10 февруари во Софија ќе имам работна средба со министерот Сабев, заедно со нашите тимови од Комисијата за транспорт и инфраструктура, а веќе наредниот ден на 11 февруари, ќе се реализира првиот лет Софија – Скопје, каде министерот, со бугарските тур-операторите ќе пристигнат во Скопје.

На заедничката средба тука кај нас, вклучително и со нашите тур-оператори, ќе разговараме за воспоставување на оваа линија како редовна, со која ќе овозможиме нови поволности и најдобри солуции за нашите граѓани. Имаме и заинтересирана авиокомпанија за реализација на оваа авиолинија и очекувам таа да стане редовна од почетокот на месец март.“ – изјави министерот Благој Бочварски.

Ова е дел од договорите и разговорите кои во последниот месец се интензивираа помеѓу Владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, со цел развивање на економијата, туризмот и комуникациите меѓу двете земји.

Минстерот Бочварски денеска беше во увид на изградба на социјалната зграда во Кочани, каде се градат 34 социјални станови. Тој очекува зградата да биде готова до крајот на оваа година.

„Денеска сум тука во Кочани, каде се гради социјалната зграда со средства обезбедени од Министерството за транспорт и врски во висина од 1 милион евра. Изградбата е во напредна фаза, конструкцијата е при самиот крај и јас очекувам до крајот на оваа година таа да биде завршена. Веќе од почетокот на 2023 година ќе влеземе во распределба на овие 34 станови, кои на наши граѓани од кочанскиот регион ќе им обезбедат достоинствени услови за живеење“ – изјави Бочварски од Кочани.

Тој истакна дека социјалните згради во Виница, Свети Николе, Гостивар и во Пробиштип се завршени и дека во фаза на подготовка е Комисија составена од Министерството за транспорт и врски и Министерството за труд и социјална политика, која во најскоро време ќе распише јавен оглас распределба на овие социјални станови на социјално загрозени семејства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…

Од вечер повеќе од половина од Скопје…

Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…

Штедете и гответе оброци што не бараат…

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…