Аврамовска-Мадиќ: Имавме фер и демократски избори за лидер на СДСМ, излезеноста е 54 отсто

t

По завршувањето на гласањето на вонредните внатрепартиски избори за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Централната изборна комисија (ЦИК) со задоволство констатираше дека имаме кредибилен и демократски избор за лидер на СДСМ, информираше вечерва претседателката на ЦИК Викторија Аврамовска-Мадиќ, посочувајќи дека гласањето и целиот процес се одвивале непречено и мирно во фер и демократска атмосфера.

„Од вкупно запишаните во Избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ до 19:45 часот се излезени 12 608 или 54 отсто од запишаните. Сите 77 избирачки места беа отворени и општинскитер изборни комисии го спроведоа согласно правилниците донесени од Централниот одбор и одредбите на Статутот на партијата“, рече таа.

Во општина Студеничани, посочи дека е констатирано предвреме затварање на изборачкото место од страна на општинската изборна комисија, па потади тоа, според неа, ЦИК, одлучила да го поништи гласањето.

„Вкупно акредитирани во општинската организација на Студеничани се 66 гласачи, а до моментот на затварање на избирачкото место гласале 51 гласач. Со тоа е констатирано дека оваа бројка нема да влијае на конечниот резултат“, вели Аврамовска-Мадиќ.

Констатиран е и прекин на гласањето во општина Гевгелија од 10 минути, како што посочи, поради кршење на избирачката кутија од страна на член на СДСМ, по што, додаде, дека е направена замена на кутијата и гласањето е продолжено.

Во текот на денот, како што посочи, до ЦИК пристигнале и повеќе приговори, а прифатени се приговори во шест општински организации на седум членови на кои, според неа, им се овозможи гласање, иако не биле во избирачкиот список.

„По проверка во системот се констатира дека истите овие членови се акредитирале и се регистрирале во системот за активна регистрација“, вели таа.

Вкупно 44 членови од девет различни општини, според Аврамовска-Мадиќ, доставија пријава до ЦИК да им биде овозможено да можат да гласаат, но како што рече, тиев се одбиени поради тоа што по проверка во системот се констатира дека не се акредитирани преку активна регистрација и не доставиле образец за активна регистрација во нивната општинска организација.

За сите овие примери, рече дека немаат никакво влијание на целиот процес, но дека поради транспарентноста и информирање на членовите и на јавноста, ЦИК одлучила да бидат соопштени.

„Упатуваме благодарност во името на Централната изборна комисија за сите оние кои беа дел од овој процес за успешниот и демократски процес спроведен на внатрепартиските избори во СДСМ. По завршување на обработката на податоците во 77 избирачки места Централната изборна комисија ќе ги соопшти конечните резултати“ рече претседателката на ЦИК.

На крајот од прес-конференцијата најави дека вечерка околу 22 часот ќе се обрати победникот на вонреднитее внатрепартиски избори за претседател на СДСМ.

Во трката за нов лидер на СДСМ се тројца кандидати – поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, како и заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски.

Актуелната пратеничка и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска вчера соопшти дека ја повлекла кандидатурата. Ваквата одлука рече дека ја донела, сакајќи да го заштити СДСМ од нелегитимен избор на претседател и да избегне да биде соучесник во погазување на статутот.

Петровска, на два дена пред одржување на внатрепартиските избори во СДСМ, порача да се откаже внатрепартиското гласање за избор на претседател на СДСМ, зашто според неа, изборниот процес бил нефер, односно дека, како што рече еден од противкандидатите имал пристап до базата на податоци и со тоа, додаде, дека ги злоупотребувал личните податоци на членовите на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца загинаа во силното невреме во Црна…

Две лица загинаа во силното невреме што…

Остин: САД ќе обезбедат 2,3 милијарди долари…

СAД ќе обезбедат нов пакет безбедносна помош…

Времето ќе биде нестабилно во текот на…

Максималните температури денес беа 20 Попова Шапка,…

Пандов: Честа да се работи за Македонија…

Владата го назначи Александар Пандов за нов…