Австриска министерка: ЕУ да одржи меѓувладини конференции со Македонија и Албанија на почетокот на 2024 година
Австриската министерка Каролине Едштадлер преку објава на мрежата Икс (Твитер) ја повика Европската Унија да преземе пет чекори ако сака зборовите за солидарност со Западен Балкан да ги преточи во акција.
Пред утрешното објавување на извештаите за напредокот на земјите Едштадлер повика меѓувладините конференции со Македонија и со Албанија да се одржат на почетокот на 2024 година.
Освен тоа, таа бара да се отворат пристапни преговори со Босна и Херцеговина до крајот на 2023 година, а со Црна Гора да се постигне конкретен напредок пред европските избори. Во истиот период да се постигне напредок и во преговорите со Србија и да се процесира апликацијата за членство на Косово. Според неа, императив за ЕУ, ако сака да ја преземе водечката улога, е сите членки на Унијата да го признаат Косово.
Едштадлер исто така сугерира Унијата да даде конкретни датуми за пристапување за секоја од шесте земји посебно кога ќе се формира новата европска комисија, порачувајќи дека не треба да се одлага процесот на проширување со Западен Балкан. Ниту еден од овие чекори, како што пишува не ги поштедува земјите од исполнување на критериумите пред евентуално членство во Унијата. Сепак, додава таа, „во оваа фаза ЕУ треба да преземе чекор и да обезбеди доказ дека сме сериозни за европската иднина на регионот“.
На шесте земји од Западен Балкан-Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Србија, потсетува дека им е ветена иднина во ЕУ уште пред 20 години. Преговрите се отворени со четири земји, но сите се закочени.
„Неопходните реформи се уште се отворени, а големи проблеми остануваат нерешени. Но, на крајот, процесот на проширување значи давање и земање. Промените барат мотивација и политичка волја. Населението во регионот на многу места повеќе не верува во реалната можност за пристапување и се приближи кон руските или кинеските наративи. Затоа ЕУ мора да преземе водство на Западен балкан и да даде нов моментум во пристапниот процес“, вели Едштадлер.
Според неа, тоа не значи дека партнерите на Западен Балкан не треба да продолжат со реформите и да ги спроведуваат, напротив, нема скратени патишта до целосно членство во ЕУ.
Притоа се осврнува на случајот со Македонија и вели дека е апсурд кога не се наградени такви драстични чекори како промена име на земјата, па воведени се дополнителни услови кои, згора на тоа се политички неизводливи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…
Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!
По налог на Специјалното обвинителство против организиран…
Албанија и САД слават 102-годишнина од воспоставување…
Албанија и САД ја слават 102-годишнината од…
Остра реакција на МАЕИ и партиите на…
Партиите на Македонците, Власите, Египќаните и Ромите…