Австрија нуди 2.200 евра плата и сместување, но работници нема

t

Австриските алпски региони се подготвуваат за почетокот на зимската туристичка сезона, но хотелите и угостителските објекти се соочуваат со сериозен недостиг од работна сила. И покрај тоа што се нудат атрактивни услови – минимална месечна плата од 2.200 евра бруто, бесплатен сместување и храна – многу работни позиции остануваат непополнети.

Како што пишува Heute.at, угостителскиот сектор веќе подолго време се бори да најде квалификуван кадар. Сопственик на хотел во тиролскиот град Флис објаснува дека по пандемијата ситуацијата дополнително се влошила, бидејќи многу келнери преминале во други професии.

Хотелите веќе се приморани да бараат персонал од странство преку Австриската служба за вработување (AMS). Позициите за келнери се отворени за периодот од 18 декември 2025 до 6 април 2026 година, а потребни се основно познавање на германскиот јазик, самостојност, пристојност и предусловно искуство во работа со гости.

И покрај понудените добри услови и можноста за повисока плата, интересот е слаб. Според австриските медиуми, досега пристигнале само неколку нецелосни и нерелевантни апликации, најмногу од Мароко, што дополнително ја усложнува подготовката за туристичката сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австрија нуди 2.200 евра плата и сместување,…

Австриските алпски региони се подготвуваат за почетокот…

„Не е крај на светот“: Масовни отпуштања…

Во „четвртата економија“ во Европа баш и…

„Тешкото“ одекна во Виена: Стоечки овации на…

Македонската филхармонија одржа концерт во Златната сала на…

Осуден тинејџер од Македонија е повторно осомничен…

Двајца тинејџери, еден со потекло од Македонија…

Трендафилов: Македонските работници имаат мизерни плати, а…

*Објава на Фејсбук на претседателот на ССМ,…