Осуден тинејџер од Македонија е повторно осомничен за терористички планови во Австрија

t

Двајца тинејџери, еден со потекло од Македонија и еден од Чеченија, кои летото 2023 година беа осудени во регионалниот суд во Леобен за планирање напад врз средно училиште, повторно се во притвор под сомнение за тероризам, јавува австрискиот портал „Хојте“.

Првично, тие беа осудени на делумно условни казни од 15 и 16 години за нивните намери да „воспостават калифат“ во Австрија и плановите целено да убиваат христијани. Едниот, кој сега има 17 години, беше ослободен предвреме по отслужување на две третини од казната, а судот го следеше преку мерки за дерадикализација и психотерапија.

Сепак, обвинителството наведува дека тој повторно покажал знаци на радикализација, вклучувајќи планирање крвопролевање со автоматска пушка и обид да обезбеди финансии за купување оружје. Тинејџерот досега одбивал да соработува со властите, пишуваат медиумите.

Неговиот соучесник, кој има 18 години, бил уапсен на македонската граница кон крајот на август додека се враќал од својата татковина. И тој е обвинет за нови, сериозни планови за напади, вклучувајќи и употреба на бомби, и повторно е во затвор по условната казна од првото судење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…