Автомобил излетал во реката Треска во близина на Матка
Центарот за управување со кризи информира дека од страна на ЦИК при МВР е добиено известување дека патничко возило излетало во реката Треска, во близина на езерото Матка. Во првичната фаза немаше информации за евентуални жртви.
По добиената информација, преку Секторот за операции и координација беше известено одговорно лице од ХЕЦ „Матка“ за намалување на испустот на водата, со цел да се овозможи безбедно вршење увид од страна на полициските екипи.
Од СВР при МВР информираат дека возилото е извлечено од реката и дека е извршен увид на лице место.
Според досегашните информации, во настанот нема повредени лица, а сите инволвирани се здрави, контактибилни и вон животна опасност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автомобил излетал во реката Треска во близина…
Центарот за управување со кризи информира дека…
ЦУК со информации за авионот кој се…
Мал авион се урнал во Мавровското Езеро,…
Поплави и свлечишта во источниот регион по…
Обилните врнежи од дожд кои во последните…
Итен координативен состанок во ЦУК откако се…
По иницијатива на Општина Центар, во Центарот…
Состојбата со врнежите во моментот стабилна, ЦУК…
Состојбата со врнежи во земјава во моментот…