Итен координативен состанок во ЦУК откако се појавило обрушување на земјиште на Водно

t

По иницијатива на Општина Центар, во Центарот за управување со кризи денес се одржа итен координативен состанок на кој присуствуваа директорот на ЦУК, Мухамед Али, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставници од сите надлежни институции и служби.

Состанокот беше свикан поради појавеното обрушување на земјиште на Водно, во близина на улиците Белградска и Партеније Зографски.

Присутните институции ја разгледаа состојбата на терен, ризиците по околните објекти и потребата од итно преземање мерки за стабилизирање на критичната зона. Договорено е заедничко координирано дејствување, засилен надзор и изработка на ургентен план со цел спречување на понатамошно лизгање на земјиштето.

Заклучоците од состанокот ќе бидат официјално проследени до Владата на Република Северна Македонија за натамошно постапување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Интелигентните камери навреме алармирале за пожарот…

Интелигентните камери на Центарот за управување со…

ЦУК: До 7:30 часот регистрирани 23 пожари,…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

ЦУК: 20 пожари на отворено, еден сè…

Вкупно 20 пожари на отворен простор се…

ЦУК: Регистрирани 22 пожари на отворен простор,…

Вкупно 22 пожари на отворен простор се…

ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево,…

До 13 часот денеска на територијата на…