Автомобил излета од пат, три лица завршија во болница
Вчера попладне околу 14.55 часот во Полициската станица Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово-Крива Паланка, во атар на село Ругинце, кумановско, патничко моторно возило „цитроен“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 38-годишната И.Ј. од Крива Паланка, излетало надвор од коловозот.
– По несреќата, И.Ј, како и сопатниците Б.Ј. и И.Ј. биле пренесени во Општата болница Куманово, каде им се констатирани повреди, соопшти МВР.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…