Автомобил удри во четворица малолетници во Струмица кои туркале автомобил

t

Четворица малолетници се повредени откако биле удрени од „фолксваген пасат“ додека туркале автомобил.

„Вчера во 17.25 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат во с.Баница, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат” со струмички регистарски ознаки, управувано од В.С.(38) од с.Баница, струмичко, удрило во четири малолетни лица од с.Баница, кои во моментот туркале патничко возило „фолксваген пасат” со струмички регистарски ознаки, управувано од М.М.(46) од с.Баница, а потоа удрило во бетонски ѕид.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две малолетнички, а со телесни повреди се здобил возачот В.С., констатирани во Медицинскиот центар Струмица“, информираат од МР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…

Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Обвинителството ги повикува граѓаните кои имаат докази…

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на…

Обвинение за српскиот војник кој предизвика сообраќајка…

Вишото јавно обвинителство Краљево поднесе обвинителен акт…

Човек загина по удар од воз кај…

На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…