Адвокатка и четворица полицајци од Кочани и од Штип под истрага: oсомничени се дека намерно прикривале докази во кривична постапка

t

Адвокатка од Штип и четворица полицајци од Штип и од Кочани се под истрага поради сомнеж дека свесно спречувале кривична постапка и го отежнувале обезбедувањето докази.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Одделот за внатрешна контрола поднел кривична пријава до надлежното јавно обвинителство против адвокатката Е.П. од Штип и против полицајците Д.Д., И.А., Г.Т. и Х.С.

Според пријавата, осомничените во текот на септември 2025 година презеле низа активности со кои било попречено и усложнето прибирањето докази во рамки на кривична постапка, што укажува на злоупотреба на службената положба и сериозно нарушување на законските процедури.

Од МВР додаваат дека, покрај кривичната одговорност, против четворицата полицајци ќе биде поведена и дисциплинска постапка, додека надлежното јавно обвинителство ќе одлучува за понатамошните чекори и за евентуалните мерки против осомничените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатка и четворица полицајци од Кочани и…

Адвокатка од Штип и четворица полицајци од…

Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да…

Полициски службеници од СВР Тетово спречија девојка…

МВР вработува 150 нови полицајци, кандидатите ќе…

МВР информира дека во тек е огласот…

Повторно поранешни… Кривична против тројца полицајци од…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Уште седум полициски службеници се приведени за…

Уште седум полициски службеници се приведени како…