Уште седум полициски службеници се приведени за трагедијата во Кочани
Уште седум полициски службеници се приведени како дел од истрагата за трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откри вечерва Јавниот обвинител Љупчо Коцевски во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија.
– Сега од обвинителот од Кочани добив информација дека е издаден налог за приведување на нови 7 полициски службеници. Тие ќе бидат обезбедени и за нив ќе бидат побарани мерки за претпазливост – изјави Коцевски, но не прецизираше дали се работи за лица кои биле присутни на самото место на трагедијата или за службеници кои евентуално не постапиле согласно своите овластувања.
Со ова, бројот на осомничени полициски службеници се искачува на 14 лица, бидејќи пред скоро месец беа приведени други седум полицајци. Засега, истрагата се води за едно кривично дело, а тоа е предизвикување опасност за животот и телото на луѓето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…
Со цел споменот на 63-те загинати во…
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…