Адвокатoт Стевановски поднесе шест кривични пријавни поврзани со демирхисарската гимназија

t

Кривична пријава до Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе адвокатот Жарко Стеваноски за случајот со демирхисарската гимназија. Тој во пријавата наведува дека шест службени лица и тоа градоначалникот на Демир Хисар Никола Најдовски, директорката на училиштето што тој ја назначи, двајца просветни и двајца полициски инспектори, организирале незаконски активности за разрешување на директорката Маја Лозановска, со цел да се реализираат партиски вработувања.

„Постои основано сомневање дека во периодот мај – август 2025 година, организирано и секој во свој домен, презеле соодветни дејствија за да се овозможат партиски вработувања по распишаниот оглас за 19 технички лица и наставен кадар“ изјави Жарко Стевановски, адвокат.

Адвокатот детално ја опиша улогата на секој од пријавените. Според него, градоначалникот Најдовски побарал инспекциски надзор во гимназијата, иако претходно веќе имало извршена контрола без констатирани неправилности.

Овој пат, инспекторите утврдиле пропусти и истиот ден донеле решение со кое градоначалникот прво назначил нов директор, а потоа ја разрешил Лозановска, со што создал ситуација да има двајца директори во училиштето.

Стевановски тврди дека двајца полициски инспектори без да извршат претрес во училиштето, иако имале наредба од судија, лажно пријавиле дека директорката ги уништила печатите и барале на носилки да оди на информативен разговор иако била на боледување. Додаде дека овој случај е пример за злоупотреба на службените функции за партиски цели

„Преку овој случај јасно се гледа како се користи Државниот просветен инспекторат како алатка за побрзо разрешување на директори кои не се од власта и за политички притисоци“ додаде Стевановски.

Во меѓувреме, десетина дена пред почетокот на учебната година, работата на гимназијата е речиси блокирана, затоа што печатите се одземени од Обвинителството, вели Лозановска која сè уште во Централен регистар е директор на гимназијата.

„Во август се полагаше матура, а како ќе им издадат дипломи на матурантите? Вработените сè уште немаат земено плата. Дали некој се грижи за оваа ситуација, и за учениците и за наставниците“ рече разрешената директорка Маја Лозановска.

Ниту градоначалникот на Демир Хисар, ниту Државниот просветен инспекторат не одговорија на понудениот простор за коментар во врска со кривичната пријава и обвинувањата од Стеваноски и Лозановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатoт Стевановски поднесе шест кривични пријавни поврзани…

Кривична пријава до Обвинителството за гонење организиран…

Крвава драма во Битола: Со нож го…

30-годишен маж од битолското село Лера е…

Хегсет нареди припадниците на Националната гарда во…

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет…

Лишен од слобода возач од Штип, управувал…

На 22.08.2025 во 18:35 часот на автопат…

Ројтерс: Ова се новите услови на Путин…

Руски извори изјавија дека Путин се согласил…