Хегсет нареди припадниците на Националната гарда во Вашингтон да носат огнено оружје
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет нареди припадниците на Националната гарда, кои патролираат на улиците на Вашингтон, во рамките на борбата против криминалот, да носат огнено оружје.
Во моментот во главниот град на САД се распоредени околу 2.000 припадници на Националната гарда.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон, поради неговата интервенција, сега е побезбеден од кога било.
Трамп денеска најави дека Чикаго и Њујорк ќе бидат следните големи градови каде ќе се спроведува федерална акција против криминалот.
– Ќе ги направиме нашите градови многу, многу безбедни. Мислам дека Чикаго ќе биде нашиот следен, а потоа ќе му помогнеме на Њујорк, истакна Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како се…
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции…
(Документи) Седум години се криело дека водата…
Водата во Гостивар не била за пиење…
Голема повелба на хуманизмот за Архиепископот г.г.…
Хуманизмот е помагање на другиот и на…
Пожарот на депонијата во Крива Паланка гори…
Пожарот што вчера околу 11 часот избувна…
Скопјанец исчезна во Преспанското Езеро – Тигрите…
Вчера во 12:33 часот во СВР Битола…