Административните службеници во градинките бараат зголемување на платите
Административните службеници во градинките реагираат дека имаат право на почакување на платите, реагираат тие во соопшрение испратено до медиумите. Нивното соопштение Ви го пренесуваме во целост:
Почитувани претставници на медиумите,
Со ова соопштение сакаме да ја информираме јавноста за правата на административните службеници вработени во детските градинки во однос на покачувањето на платите. Овие вработени секојдневно придонесуваат за нормално функционирање на установите за згрижување и воспитување на децата, извршувајќи важни административни и организациски задачи.
Согласно законските прописи и колективните договори, административните службеници имаат право на усогласување и покачување на платите. Сметаме дека ова право треба доследно да се почитува, со цел да се обезбеди еднаков и правичен третман за сите вработени во детските градинки.
Апелираме до надлежните институции и локалните власти да ги разгледаат барањата на административните службеници и да преземат соодветни мерки за подобрување на нивниот материјален статус.
Ја информираме јавноста дека административните службеници ќе продолжат да се залагаат за остварување на своите законски права преку институционални и законски механизми.
Ви благодариме за вниманието и за поддршката во информирањето на јавноста.
Со почит,
Од сите вработени аминистративци во градинките
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ССМ: Бараме раст на платите веднаш!
На годишно ниво инфлацијата изнесува 4,5 проценти,…
Над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата…
„Над 11.000 фирми не исплатиле плати, причините…
Синдикатот на полицијата бара покачување на платите…
Синдикатот на полиција во Македонија упати барање…
85.000 вработени во државната администрација во септември…
Министерството за финансии соопшти дека е постигнат…
Ковачевски се пишмани: Никој не ги намалува…
Работниците и синдикатите да бидат мирни, никој…