85.000 вработени во државната администрација во септември ќе добијат 10% поголема плата, се пофали Бесими

t

Министерството за финансии соопшти дека е постигнат договор со синдикатите на вработените во државната администрација и дека според договорот 85.000 вработени во државна администрација на централно ниво, буџетските корисници и во установите ќе добијат покачување од 10% со септемвриската плата.

„Исто така ќе им биде исплатен к-15 од 10.000 денари, за што ќе се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот во септември“, изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими во гостување на емисијата „24 Анализа“.

Министерот рече дека е договорено и воведување на системско решение за редовно покачување на платите во јавниот сектор од 2025 година, како и дека од следната година регресот за годишен одмор ќе се исплаќа во вредност од 30% од просечната исплатена плата.

Тој рече дека Министерството за фианнсии ќе почне со подготовка на ребаланс со кој ќе се обезбедат средства за покачувањето на платите на администрацијата од септември и исплата на к-15.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ: Бараме раст на платите веднаш!

На годишно ниво инфлацијата изнесува 4,5 проценти,…

Над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата…

„Над 11.000 фирми не исплатиле плати, причините…

Синдикатот на полицијата бара покачување на платите…

Синдикатот на полиција во Македонија упати барање…

Бесими: Се бара одржливо решение за корекција…

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека…

85.000 вработени во државната администрација во септември…

Министерството за финансии соопшти дека е постигнат…