Азербејџан: Ерменските војници синоќа пукаа во нашите сили
Азербејџан објави дека ерменските сили во текот на ноќта пукале врз нејзините воени позиции во западниот регион Лачин, јавува Anadolu.
Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека ерменските сили ги нападнале азербејџанските сили во близина на селата Забух и Јагазур.
„Ве известуваме дека единиците на вооружените сили на Ерменија изминативе денови неколкупати пукаа врз нашите позиции и сите овие случаи се евидентирани“, беше посочено.
Ерменското Министерство за одбрана подоцна ја демантираше изјавата на Баку, тврдејќи дека „не соодветствува со реалноста“. Ова е прв инцидент од ваков вид што го пријави Баку од септември минатата година. Односите меѓу Баку и Ереван се затегнати од 1991 година, кога ерменската армија го окупираше Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, и седум соседни региони.
Азербејџан го ослободи најголемиот дел од територијата за време на есенската војна во 2020 година, која заврши по мировниот договор со посредство на Русија. Азербејџан воспостави целосен суверенитет над Карабах по операцијата во септември 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Азербејџан: Ерменските војници синоќа пукаа во нашите…
Азербејџан објави дека ерменските сили во текот…
Старосната граница за пензионирање се зголемува на…
Како резултат на пензиските реформи од 2016…
Нови повисоки цени на туристичката такса за…
Новите повисоки цени на таксата за отпорност…
Белата куќа вложува максимални напори за безбедност…
Белата куќа презема приоритетни мерки за да…
Маск побара Британија да го ослободи од…
Извршниот директор на Платформата Икс, Илон Маск,…