Белата куќа вложува максимални напори за безбедност на инаугурацијата на Трамп
Белата куќа презема приоритетни мерки за да ја осигура безбедноста за инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.
Тој потврди дека Белата куќа го информира идниот советник за национална безбедност на Трамп, Мајк Волц, за текот на истрагите поврзани со новогодишните напади во Њу Орлеанс и Лас Вегас. Нападите биле извршени од поранешен американски воен ветеран.
Идентификуван е поранешен припадник на американската војска кој бил пронајден во возилото што експлодираше во Лас Вегас пред хотелот „Трамп“, потврди Кирби.
Полицијата во Лас Вегас претходно соопшти дека истражува експлозија на автомобил пред хотелот „Трамп“ откако видеото на кое се гледа запалено возило „Тесла Сајбертрак“ стана вирално. Локалните власти потврдија дека една личност загинала, а седум се повредени во пожарот.
Во улицата Бурбон во Њу Орлеанс, 15 лица загинаа, а најмалку 36 беа повредени кога возило влета во толпа луѓе. Напаѓачот, идентификуван како Шамсуд Дин Џабар, беше убиен во престрелка со полицијата. Во возилото на напаѓачот било пронајдено знаме на терористичката „Исламска држава“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Злато за Македонија – Узеир е европски…
Македонија го освои првиот златен медал на…
Мицкоски: Повеќе од 6% раст во туризмот,…
Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично…
Повеќе од 30 членови на СДСМ од…
Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…
Во Македонија 350 деца имаат дијабетес
Во Македонија има 135 илјади граѓани кои…
Министерството за спорт со поддршка за инклузивната…
Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо…