Азири “им го плесна” на ДУИ и СДСМ : Нели ветувавте 600 евра плата за наставниците во првите 100 дена?

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Елми Азири на денешната прес-конференција во Собранието изјави дека Владата не треба да инсистира со незнаење и политички инает, туку во иднина да ги слуша и да ги прифаќа конструктивните и корисни предлози за граѓаните.
Азири истакна дека Владата неколку пати ги менуваше ставовите и одлуките и на крај сепак дојде на она што го говореше на Алијанса за Албанците, но овој пат, како што рече, за жал поради „инаетот на Владата настрадаа учениците“.
За време на собраниската расправа за минималната плата, пратеничката група на Алијанса за Албанците предложи амандмани за линеарно зголемување на платите во државната и јавната администрација согласно со зголемувањето на минималната плата. Актуелната власт тогаш ги одби нашите амандмани, прво се инаетеше со нас, потоа со Синдикатот за образование, за на крај да прифати договор за зголемување на платите во образованието за 12 отсто, приближно истото ниво кој што го предвидуваше Алијанса за Албанците во предлозите. Што доби Владата од оваа одолговлекување и од овие инаети? Децата изгубија две недели од образовниот процес. Просветните работници беа измачени и често беа анатемисани од Владата – изјави Азири.
Пратеникот упати прашање и до ДУИ и министерот за образование и наука Јетон Шаќири што се случило со нивното ветување дека во првите 100 дена платите во образованието ќе се зголемат на 600 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто актуелниот директор на ДПИ не е…
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски –…
СДСМ: Селектитвност не смее да има, да…
Прес конференција на СДСМ, Мартин Костовски –…
ДУИ: Трагедијата што се случи бара јасна…
Демократската унија за интеграција објави соопштение по…
Османи: Од македонска перспектива, ДУИ е најпатриотската…
Ова сигурно можат да ми го злоупотребат…
СДСМ ќе поднесе кривична пријава против пратеничката…
Пратеничката група на СДСМ на прес-конференција најавија…