Ако е блага зимата и се штеди доволно, Чешка ќе има гас до следното лето
Чешка веќе има обезбедено резерви во магацини и испораки од други извори за следните 11 месеци доколку Русија престане да испорачува гас за Европа, под услов зимата да биде блага и Чесите и компаниите да заштедат 15 отсто од потрошувачката, како што е договорено во Европската Унија, соопшти чешката Влада.
– Ако протокот на руски гас во Европа биде запрен, со капацитетите што се обезбедени, ние сме во состојба да гарантираме функционирање на домаќинствата и деловните субјекти во следните 11 месеци на нормални температури без никакви проблеми, изјави министерот за финансии Збињек Стањура за јавниот ТВ сервис ЧТ.
Во ЕУ, Чешка е една од најзависните од рускиот гас, иако не го купува директно од Гаспром, туку на берзата во Германија, па затоа владата на премиерот Петр Фиала реши да ги наполни магацините побрзо од просекот во ЕУ.
– На европско ниво донесена е одлука земјите-членки до крајот на септември да ги полнат магацините до 80 отсто од нивниот капацитет. Во овој момент, во втората половина на август, имаме повеќе од 82 отсто. со цел за 90 проценти, рече Стањура.
Чешката Влада сакајќи да не се повтори минатата есен кога Гаспром ги остави полупразни магацините за гас во Европа, им ги одзеде капацитетите на оние кои не ги користат и 13 компании останаа без неискористените капацитети во девет магацини во Чешка со вкупен капацитет од 3,5 милијарди м3.
– Пред грејната сезона се обидовме да помогнеме максимално да се создадат резерви. Затоа го воведовме правилото „искористи или изгуби“ за да спречиме блокирање на капацитетите. Сега се покажува дека тоа бил вистинскиот чекор што ја зајакнува чешката енергетска безбедност, изјави министерот за индустрија и трговија Јозеф Сикела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Монструм од Чешка држел окована жена 3…
Возачот на камион Карел Н., попознат како…
Шест лица загинаа во експлозија во ресторан…
Шест лица загинаа во експлозија на плинска…
Шеесет чешки државјани добиле дозвола од државата…
Прес-секретарот на претседателот на Чешка објави дека…
(Видео) Храбрите пилоти на МВР спасија туристка…
Благодарение на храбрите доброволни спасители од Охрид…
Чешка до крајот на годината ќе ѝ…
Чешкиот претседател Петр Павел ја најави претстојна…