Шест лица загинаа во експлозија во ресторан во Чешка

t

Шест лица загинаа во експлозија на плинска боца во ресторан во градот Мост, на северозападот на Чешка, при што била запалена зградата, пренесе Хина.

Британските медиуми јавија дека во големата експлозија синоќа се повредени уште осум лица, а од ресторанот и околните згради се спасени 30 лица, соопшти противпожарната служба на социјалната мрежа Икс.

Според очевидци, до експлозијата дошло кога се превртела греалка на плин, што предизвикала пожар, а потоа и експлозија, соопштија од противпожарната бригада.

Министерот за внатрешни работи Вит Ракушан изјави дека греалката била во зимската градина на ресторанот. Во ресторанот имало околу 20 гости, јави Чешкото радио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воен хеликоптер со пет војници се урна…

Воен хеликоптер на чешката армија со пет…

Чешка планира да забрани мобилни телефони во…

Чешката влада поднесе закон за забрана на…

Експлозија на гас во зграда во Италија:…

Три лица денеска загинаа, а две се…

(Видео) Поморски дрон експлодира во пристаниште во…

Експлозијата се случи на пристаништето 78. Пристапот…

„Илузија е дека ќе завладее мир во…

Претседателот на Чешка, Петр Павел, пред кадетите…