Ако Израел нападне, може да изградиме атомска бомба: Иран експлицитно спомнува програма за нуклеарно оружје
Командантот на Иранската револуционерна гарда кој е задолжен за нуклеарната безбедност, Ахмад Хагталаб, рече дека Иран може да ја преиспита својата „нуклеарна доктрина“, со очигледна закана да изгради атомска бомба, доколку биде нападнат од Израел, известува британски Телеграф.
– Сосем е возможно да направиме преглед на нашата нуклеарна доктрина и политика – рече во четвртокот Ахмад.
Ова е првпат Иран експлицитно да ја спомене својата програма за нуклеарно оружје откако викендот го нападна Израел. Потегот доаѓа поради стравувањата од израелски напад како одмазда за нападот на Иран врз Израел, извршен со повеќе од 300 дронови, ракети и проектили минатиот викенд.
Експертите предупредија дека Иран е на „праг“ да стане нуклеарна сила и дека е способен да изгради бомба за 6 месеци до 1 година.
Властите на Иран отсекогаш тврделе дека нуклеарната програма служи за цивилни цели.
Ахмад Хагталаб предупреди дека Иран „дефинитивно“ ќе возврати на секој израелски напад врз неговите нуклеарни локации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…