Објавено на:

„Ако ме убијат, ќе бидат збришани од лицето на Земјата“: Трамп брутално одговори на заканата од Иран

t

Еден од највлијателните ирански функционери, Али Лариџани, кој ја извршува функцијата секретар на Врховниот совет за национална безбедност, испрати остра порака до американскиот претседател Доналд Трамп, заканувајќи му се со „елиминација“.

– Иран не се плаши од вашите празни закани. Дури и оние поголеми од вас не би можеле да ја елиминираат иранската нација. Чувајте се за себе за да не бидете елиминирани – напиша Лариџани на социјалната мрежа X.

Неговата порака дојде како одговор на претходната изјава на самиот Трамп, кој го предупреди Техеран дека ќе се соочи со „оган и бес“ ако не го отвори Ормутскиот теснец. Американскиот претседател потоа рече дека САД би можеле да го нападнат Иран „20 пати посилно“ отколку порано.

Ормутскиот теснец е од големо значење за светската економија бидејќи е еден од клучните патишта за транспорт на нафта. Откако Иран го затвори преминот, цените на енергијата пораснаа низ целиот свет, вклучително и во САД.

Претходни закани и заговори за атентат

Заканите од Иран не се ништо ново за американскиот претседател. Американските разузнавачки агенции го предупредија тогашниот претседателски кандидат Трамп во 2024 година дека постојат планови за негово убиство, наводно од страна на Техеран.

Во неодамнешно интервју за ABC News, Трамп рече дека таквите информации влијаеле врз неговата одлука да ја поддржи заедничката израелско-американска операција во која беше убиен иранскиот ајатолах Али Хамнеи.

„Го фатив пред тој да ме фати мене. Јас го фатив прв“, рече Трамп.

Во меѓувреме, американскиот суд во Бруклин во петокот го осуди Пакистанецот Асиф Мерчант за учество во заговор за атентат врз Трамп. Тој беше уапсен во јули 2024 година, а за време на судењето рече дека бил ангажиран за задачата од страна на иранските власти.

Што би значело атентат врз американскиот претседател

Јавноста сè повеќе прашува какви би биле последиците доколку Иран или друга земја навистина изврши успешен напад врз американскиот претседател. Самиот Трамп минатата година ја изложи својата визија за можен одговор.

Во февруари 2025 година, тој рече дека Иран ќе биде целосно уништен доколку е одговорен за неговата смрт.

– Би било ужасно за нив да го сторат тоа. Ако го сторат тоа, ќе бидат збришани од лицето на земјата. Тоа би бил крајот. Нема да остане ништо – рече Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ако ме убијат, ќе бидат збришани од…

Еден од највлијателните ирански функционери, Али Лариџани,…

Џо Роган го нападна Трамп: Ветуваше крај…

Познатиот подкастер Џо Роган остро го критикуваше…

„Звучи познато“: Како американско-израелската војна во Иран…

Променливи цели, нејасни временски рамки и слаб…

Сијарто: Следната деценија ќе биде посветена на…

Формирањето нов светски поредок во текот на…

Втората група македонски граѓани евакуирани од ОАЕ…

Попладнево на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна втората…