Џо Роган го нападна Трамп: Ветуваше крај на војните, а сега имаме нова
Познатиот подкастер Џо Роган остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп поради војната со Иран, оценувајќи дека многу од неговите поддржувачи се чувствуваат изневерени.
Во најновата епизода од својот подкаст, Роган изјави дека конфликтот е „лудост“, потсетувајќи дека Трамп за време на кампањата ветувал крај на „бесмислените војни“.
„Тоа е лудо ако се има предвид на што ја градеше кампањата. Многу луѓе се чувствуваат изневерени. Се кандидираше со порака ‘Нема повеќе војни’ и ‘Запрете ги овие глупави, бесмислени војни’, а сега имаме војна за која ни самите не знаеме јасно зошто ја започнавме“, рече Роган.
Роган му даде поддршка на Трамп во изборната кампања во 2024 година и го угости во својот подкаст, но по неговиот повторен избор повеќепати јавно го критикуваше, особено поради имиграциската политика.
Загриженост поради конфликтот се појавува и меѓу дел од републиканците. Неколку членови на Републиканската партија предупредија дека војната со Иран може да се претвори во долгорочна обврска за САД, по двете децении конфликти во Ирак и Авганистан.
Според нова анкета на Универзитетот „Квинипијак“, речиси три четвртини од американските гласачи очекуваат конфликтот со Иран да трае со месеци или подолго. Дури 71 процент од испитаниците сметаат дека војната може да продолжи „со месеци“, „околу една година“ или „уште подолго“.
Во меѓувреме, Трамп изјави дека конфликтот е „пустоловина“ која наскоро ќе заврши.
„Ова беше само пустоловина, нешто што мораше да се направи. И многу сме блиску до крајот“, изјави Трамп на прес-конференција.
Неговите коментари доаѓаат само неколку дена откако порача дека од иранското раководство ќе прифати само „безусловна предаја“. Републиканскиот конгресмен Тим Берчет претходно предупреди дека гласачите на движењето МАГА треба да бидат загрижени дека воената акција против Иран може да прерасне во „уште една вечна војна“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО до Иран: „Подготвени сме да се…
НАТО испрати јасна порака до Техеран дека…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…
Најмалку 100 луѓе се стравува дека загинале…
Најмалку 100 луѓе можеби загинале по одрон…
Данска распореди регрути во Гренланд
Данска распореди регрути во Гренланд, својата автономна…
ВЛЕН: Орхан Муртезани ја презема амбасадорската должност…
Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и…