„АКО ПОЧНЕ ВОЈНАТА НА РУСИЈА И НА НАТО, НЕМА ДА ИМАМЕ ИЗБОР“ – повторно се заканува Медведев! Без ровови и без артилерија, одговорот ќе биде страшен

t

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и поранешен претседател на таа земја Дмитриј Медведев изјавите на западните политичари за наводниот можен конфликт на Русија со НАТО и Европската унија ги нарече „исклучително опасни муабети“.

– Сунак, Солц, Макрон, норвешки, фински, полски и други лидери од земјите на НАТО велат дека мора да бидат подготвени за војна со Русија – напиша тој на својот канал Телеграм.

Медведев истакна дека, иако руската страна повеќепати изјавила дека не планира конфликт со НАТО и земјите од Европската унија, „крајно опасните муабети на оваа тема продолжуваат“.

– Причините се очигледни. Неопходно е да се привлече вниманието на гласачите за да се оправда трошењето милијарди долари за грозоморната Украина.

– На крајот на краиштата, огромни суми пари не се трошат за решавање на социјалните проблеми во овие земји, туку за војна во земја која е на умирање и туѓа за даночните обврзници, чие население пребега во Европа и го тероризира локалното население. Затоа, лидерите на овие земји повторуваат секој ден: мора да се подготвиме за војна со Русија и да продолжиме да и помагаме на Украина, затоа мора да произведеме повеќе тенкови, гранати, беспилотни летала и друго оружје.

Тој тврди дека сите европски лидери цинично ги лажат своите граѓани.

– Ако не дај Боже дојде до ваква војна, нема да оди по сценарио на специјална операција. Тоа нема да се врши во ровови со артилерија, оклопни возила, беспилотни летала и опрема за електронско војување – напиша Медведев, додавајќи:

– Значи, поради неспоредливоста на нашиот воен потенцијал, едноставно нема да имаме избор. Одговорот ќе биде асиметричен. За да го заштитиме територијалниот интегритет на нашата земја, ќе користиме балистички и крстаречки ракети со специјални боеви глави. Тоа го планираат нашите воени документи и им е познато на сите. Тоа ќе биде апокалипса. Крај на се – напиша тој.

– Еве зошто западните политичари треба на своите гласачи да им ја кажат горчливата вистина, а не да ги третираат како безмозочни идиоти. Објаснете им што навистина ќе се случи и не ја повторувајте лажната мантра за подготвеност за војна со Русија – заклучи Дмитриј Медведев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…