Ако продолжите вака ќе ги објавиме сите снимки од дискотеката Пулс од кобната вечер на пожарот?! – Што се крие на снимките од безбедносните камери на Пулс

t

Инфомакс од свои извори дознава дека до обвинителството е испратен меил со заканувачка порака и неколку фотографии од снимки од безбедносни камери кои предизвикал сериозна паника.

Имено сликите биле од снимки од надзорните камери во и околу дискотеката Пулс од кобната вечер на 16 март во Кочани кога 62 лица го загубија својот живот, а повеќе oд 200 беа повредени.

На фотографиите според нашите информации има неколку клучни моменти кои би морале да значат проширување на истрагата со нови осомничени.

Oд обвинителството ниту ги потврдуваат ниту ги демантираат овие информации на Инфомакс и нагласуваат дека сите докази во врска со настанот може слобода да се објават или достават до надлежните органи.

-Јас за таков меил не знам, но секој што поседува какви било снимки или други докази во врска со настанот може слободно да ги објави или да ги достави до надлежните органи. За Јавното обвинителство тоа не само што не претставува закана туку и апсолутно го охрабрува за што неколкупати упати јавен апел и воспостави посебна адреса за електронска пошта, се вели во одговорот кој го добивме од портпаролот на Основното Јавно обвинителство.

Сепак нашите информации велат дека ваквата порака направила голема паника во обвинителството особено во високите ешалони затоа што на фотографиите од снимките од безбедносните камери се наоѓале актуелни функционери кои според испраќачот на меилот биле инкриминира таа вечер.

Веднаш по овој меил во официјално соопштение Обвинителството соопшти дека јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека “Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите.

-Преку исказите дадени пред јавен обвинител тие ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон.

Исто така, ќе можат и директно да се информираат за текот и фазата во која се наоѓа постапката, но и да кажат свои сознанија за настанот.

За таа цел во следните 2 дена, во соработка со волонтерите од “Support Kocani”, обвинителството ќе ги контактира најблиските на починатите за да се утврди точно време и место во кое ќе можат да си го остварат ова свое право.

Сослушувањата ќе се вршат согласно утврден распоред од 27.05 (вторник) до 29.05 (четврток) во просториите на јавното обвинителство во договор со оштетените.

Ваквите сослушувања се поединечни и на нив ќе биде повикан по еден законски застапник за секоја од жртвите да се произнесе во однос на правата како оштетени. Тој во својот исказ ќе може да предложи и други лица од семејството кои евентуално имаат сознанија за настанот.

Јавното обвинителство, согласно своите законски овластувања, во текот на целата постапка посветува особено внимание и грижа за жртвите на овој трагичен настан. При сите преземени дејствија и одлуки обвинителите ги имаат предвид и ги штитат интересите на оштетените.

Воедно, се уште активен е и повикот на обвинителството до сите останати кои што имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази во однос на работата на клубот “Пулс” – Кочани и поврзаните фирми, како и сознанија во врска со работата на институциите надлежни да постапуваат, да ги споделат со истрагата.

Тоа може да се направи со пополнување на следниот ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВА, кој потоа треба да се испрати електронски на наменската адреса: [email protected], стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…

Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…