Аксиос: САД и Иран преку посредници бараат „пауза“ од 45 дена во конфликтот
САД, Иран и група регионални медијатори разговараат за условите за потенцијален 45-дневен прекин на огнот што би можел да доведе до траен крај на војната, објави „Аксиос“, повикувајќи се на четири американски, израелски и регионални извори запознаени со разговорите.
Ројтерс не можеше да го потврди извештајот, бидејќи Белата куќа и Стејт департментот на САД не одговорија веднаш на барањата за коментар околу овие наоди.
Според „Аксиос“, медијаторите разговараат за условите на договор во две фази, при што првата фаза потенцијално би била 45-дневен прекин на огнот во текот на кој би се преговарало за траен крај на војната. Втората фаза би била договор за прекин на војната.
Прекинот на огнот би можел да се продолжи доколку е потребно дополнително време за разговори. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера за „Волстрит журнал“ изјави дека вторник до вечерните часови е новиот рок за Иран да го отвори Ормускиот Теснец или да се соочи со напади врз критичната инфраструктура.
„Ако не направат нешто до вторник вечерта, нема да имаат повеќе електрани и нема да имаат повеќе мостови“, изјави Трамп за „Журнал“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аксиос: САД и Иран преку посредници бараат…
САД, Иран и група регионални медијатори разговараат…
Трамп до Иран: Отворете ја проклетата теснина,…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати нова…
Техеран го негира Трамп: Операцијата за спасување…
Иранската војска соопшти дека американската операција за…
Спасен е пилотот на соборениот американски авион…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…
Поранешниот шеф на МААЕ ги повикува ОН,…
Поранешниот шеф на Меѓународната агенција за атомска…