Спасен е пилотот на соборениот американски авион во Иран, повреден е, но жив и здрав
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека американските сили успеале да го пронајдат и спасат вториот член на екипажот на авионот што беше соборен длабоко на иранска територија во петокот рано утрово, за кој рече дека е повреден, но „жив и здрав“.
Во објава на своите социјални мрежи, Трамп рече дека во текот на изминатите неколку часа, војската на Соединетите Американски Држави спроведе една од најсмелите операции за пребарување и спасување во историјата на САД, за еден од неверојатните американски офицери, кој е и високо почитуван полковник.
„Овој храбар воин беше зад непријателските линии во опасните планини на Иран, гонет од нашите непријатели, приближувајќи се кон него секој час, но тој никогаш не беше навистина сам, бидејќи неговиот врховен командант, секретарот за војна, претседателот на Здружениот штаб на вооружените сили и неговите колеги војници ја следеа неговата локација 24 часа на ден и вредно го планираа неговото спасување“, рече Трамп. Претседателот на САД рече дека, по негова наредба, американската војска „испрати десетици авиони, вооружени со најсмртоносното оружје во светот, за да го извлечат“. „Тој беше повреден, но ќе биде добро. Оваа чудесна операција за пребарување и спасување доаѓа по успешното спасување на уште еден храбар пилот вчера, што не го потврдивме бидејќи не сакавме да ја загрозиме нашата втора операција за спасување. Ова е прв пат во воената историја двајца американски пилоти да бидат спасени, одделно, длабоко на непријателска територија“, рече Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…
Трамп ја најави „најсуровата економска операција“ против…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова кампања…