Акција на Европол: Запленети шест тони кокаин, истрагата опфатила и лица од Албанија и од Бугарија

Шпанската цивилна гарда, со поддршка на Европол, разби голема мрежа за шверц на дрога во целиот синџир на дистрибуција на наркотици, од Колумбија до Шпанија, а криминалната мрежа наводно е поврзана со заплена на кокаин во вкупна количина од речиси шест тони, соопшти денеска Европол.
Истрагата, која започна во јуни 2022 година, откри мрежа за шверц на дрога која оперира на три континенти, а членовите на мрежата – државјани на Албанија, Бугарија, Колумбија и Шпанија организирале шверц на големи количини кокаин од земјата на потекло во Европа како и перење пари заработени на тој начин. Мрежата за шверц на дрога се простира на Латинска Америка, Европа и Блискиот Исток, соопшти Европол.
„Секој од нив презеде различни улоги во логистичкиот синџир. Колумбиски државјани управувале со пратки од Колумбија во Европа, додека бугарски, колумбиски и шпански државјани го надгледувале примањето и понатамошната дистрибуција на дрогата. Другите членови од Албанија, со седиште во Дубаи, дејствуваа како инвеститори – тие ги обезбедија финансиските средства потребни за плаќање на производителите за пратките од Колумбија“, соопшти Европол.
„Испораките се вршеа по воздушен, товарен и поморски контејнери. Во октомври 2024 година, властите во Панама заплениле 4,1 тони кокаин, наменет за Шпанија, во врска со оваа мрежа. Мрежата, наводно, е поврзана со заплена на кокаин во вкупна вредност од речиси шест тони. Дополнително, органите на прогонот заплениле уште два тона кокаин во Шпанија од почетокот на истрагата“, се вели во соопштението.
Во рамки на акцијата, која беше спроведена во три фази од декември 2024 до јануари 2025 година, во Шпанија беа уапсени 22 државјани на Шпанија и Колумбија, а околу еден тон кокаин и пет килограми розов кокаин, 35 возила, меѓу кои запленети се осум луксузни автомобили со проценета вредност од околу 2,5 милиони евра, 6,5 милиони евра во кеш и 48 парчиња оружје. Во акцијата замрзнати се 53 банкарски сметки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна голема криминална групa вмешана во трговија…
Во неколку европски градови се уапсени 30…
Акција на Европол: Запленети шест тони кокаин,…
Шпанската цивилна гарда, со поддршка на Европол,…
Политико: Истрага во Европол!
Обвинителите на Европската унија го истражуваат Европол,…
Европол разби руско-евроазиски синџир за перење пари…
Претресени се околу 100 згради, а четири…
Европол: Заканата од теpоpизам во Европа е…
Ризикот од терористички напади во Европа е…