Акција на МВР: Запленети 120 килограми тутун и 19.000 парчиња цигари за кои не била платена акциза
Денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за економски криминал и корупција во координација со СВР Скопје и Царинската управа, по претходно добиени оперативни сознанија за нелегална продажба на режан тутун и производи од тутун односно избегнување на плаќање на акциза, спроведоа координирана контрола во Тетовско.
Притоа, од А.С. (43) од с. Горно Палчиште, општина Боговиње запленија 120 килограми режан тутун и 19.000 парчиња цигари, за кои не била платена акциза во износ од 250.000 денари.
Одземената акцизна стока е предадена на Царинската управа во Скопје за натамошна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…
Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…
(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…
Како што веќе најави директорот на Бирото…
Братот на заменикот на Тошковски имал врски…
Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…
Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…
Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…
Ни трага ни глас од скандалот на…
Ни трага ни глас од скандалот на…