Акција на МВР: Пронајдена дрога во угостителски објекти во Центар – Приведени странски државјани!
Во акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на општина Центар се приведени 12 лица и е пронајдена дрога од страна на полициски службеници од единиците за недозволена трговија со дрога и за интервентна полиција при СВР Скопје, како и Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција при Единицата за внатрешни работи Центар и Бит-пазар.
При контролата лишени од слобода биле Ф.С.(21), Б.Л.(22) двајцата од Скопје и Д.Ч.(43) од Р.Турција, затоа што кај нив била пронајдена марихуана, Ѓ.Н.(41), Н.Г.(32), Д.С.(27), П.К.(24), Х.В.(38), А.К.(37) и Д.С.(23), сите од Скопје и И.Г.(42) од Битола, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин и Т.Т.(25) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и амфетамин, соопшти Министерството за внатрешни работи.
По документирање на случајот против приведените ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…
Оти вие не знаете, на сета мака…
(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…
Не сме глупави, нема да молчиме, не…