Објавено на:

Аларм во Киев: Полетаа авиони вооружени со „Кинжал“

t

Сирените за воздушен напад се вклучија денеска во Киев веднаш по почетокот на самитот на НАТО во Вилнус. Како што пренесува Гардијан, тревогата е објавена по откривањето на полетувањето на руските воени авиони опремени со хиперсонични ракети од типот Кинжал.

Градските власти во Киев испратија предупредување до сите мобилни телефони во 15 часот по локално време, повикувајќи ги жителите веднаш да одат во засолништата. Алармот е објавен откако руски борбен авион МИГ-31К полета од воздухопловната база Саваслејка во западниот руски регион Нижни Новгород.

Иако ваквите летови се одржуваат редовно, Кремљ има навика да го напаѓа Киев во симболични моменти, за да испрати политичка порака. Сирените за воздушен напад се вклучија во февруари кога Џо Бајден го направи своето прво патување во Киев од почетокот на руската инвазија на Украина.

Да потсетиме, Украина синоќа соопшти дека соборила 26 руски беспилотни летала Шахед, лансирани од југоисток. Беспилотни летала „камикази“ ја погодија зградата на управата на пристаништето во Одеса. Запалени се два пристанишни терминали, меѓу кои и еден за жито.

Пожарот е изгаснат и нема повредени, соопштија градските власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…