АЛАРМ во Судскиот совет! Никој не се пријавил на огласот за претседател на судовите во Крушево, Берово и Делчево

t

На огласот за избор на претседатели на основните судови во Крушево, Берово и во Делчево не се пријавил ниту еден заинтересиран судија, што повторно го запали алармот на Судскиот совет за акутниот кадровски проблем во правосудството.

Крајно време е да се преиспита судската мрежа во државата и судовите во помалите градови да се укинат и да се претворат во судски одделенија на други поголеми судии, предложи членот на Советот Сашко Георгиев на денешната седница, откако беше констатирано дека на огласот за избор на претседатели на основните судови во Крушево, Берово и во Делчево не се пријавил ниту еден судија! Членовите на Советот истакнаа дека ваквата ситуација, кога никој не се јавува на огласите за претседатели на помалите судови се повторува со години наназад, затоа што во тие судови нема ниту доволен број на судии, а проблемот се решава со делегирање на кадри од другите градови и со именување на в.д. претседатели, што практично и не е некое солидно решение.

Во јануари годинава Судскиот совет објави оглас за претседатели на трите мали суда, како и за претседате на Вишиот управен суд.

– За основните судови Крушево, Берово и Делчево нема ниеден пријавен кандидат, а за Виш управен суд се пријави кандидатката Анита Даниловска, која има уредна документација, но на 8 јули ја повлече пријавата затоа што до крајот на месецот ќе оди во пензија. Така, немаме кандидат за претседател ниту за овој суд, па за сите четири суда треба да објавиме нови огласи за избор на претседател – реферираше судијата Ханиф Зендели, член на комисијата за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседатели на Виш управен суд, Основен суд Берово, Основен суд Делчево и Основен суд Крушево.

Судијата Сашко Георгиев рече дека е редно да се укинат судовите во помалите градови.

– Во изминативе две до три години сме алармирале доволно гласно за проблемите со недостигот на судии, а ако треба ќе зборуваме и погласно. Анализите покажуваат дека делегирањето на судии не е решение, затоа што со тоа се нарушува концепцијата и планот за работа на поголемите судови. Нема кандидати за претседатели, па одиме со вршители на должност. Овој проблем ќе се реши во рамките на долго споменуваните реформи во судството законодавната власт ја преиспита судската мрежа, односно оправданоста на постоењето на неколку мали судови во земјата. Тоа се седум судови, ги знаеме кои се, во кои нема судии, ниту заинтересираност за претседатели. Бројката на судии се намалува секоја година, а сето ова се одразува на ефикасноста и ажурноста на поголемите судови, кои имаат доволно работа, а немаат доволно судии. Крајно време е со реформата малите судови да преминат во одделенија – рече Георгиев, пренесува „Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се врати во Македонија првиот од 115…

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…

„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…

Трагедијата која го погоди Кочани и целата…

Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…

Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…

(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…

Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…