Албанија го забранува увозот на возила постари од 15 години, нема регистрација без „Еуро 5“

t

Албанија ќе го забрани увозот на возила постари од петнаесетина години, како дел од мерките за намалување на аерозагадувањето и зголемување на безбедноста на патиштата.

Во земјата ќе биде забранета регистрација на возила кои не го исполнуваат стандардот „Еуро 5“ на Европската Унија. Сегашниот минимален дозволен стандард е „Еуро 4“. Ова и практично значи дека автомобилите произведени пред 2011 година повеќе нема да смеат да се возат на албанските патишта.

– Според податоците на Дирекцијата за транспорт, само лани биле регистрирани 100 илјади возила увезени од 81 земја, од кои над 33 илјади ја исполниле само нормата Еуро 4, додека 22 илјади биле постари од 15 години. Оваа политика доаѓа како обид да се исполнат меѓународните барања за заштита на животната средина и безбедноста на патиштата, бидејќи постарите автомобили се сметаат за позагадувачки и поопасни за сообраќајни несреќи, објавија албанските медиуми.

Наведуваат дека и земјите од регионот спровеле слични политики.

Црна Гора го забрани увозот на автомобили произведени пред 2009 година, додека Косово од 2017 година не дозволува воведување возила постари од 10 години, забранувајќи од 1 јануари 2025 година увоз на автомобили произведени пред 2015 година. Во моментов, просечната старост на автомобилите во регионот е 18 години, додека во Европската Унија е 12 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кос: Албанија е остров на стабилност на…

Еврокомесарката за проширување Марта Кос ја нарече…

Македонската партија во Албанија се повлече од…

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса…

Европскиот парламент ќе отвори канцеларија за Западен…

Европскиот парламент ќе формира канцеларија за Западен…

Албанија одлучи целосно да го забрани ТикТок

Албанската влада денеска донесе официјална одлука за…

Во Албанија отворен портал на македонски јазик…

Со залагање на македонски активисти од општина…