Албанија донесе национална стратегија за враќање на иселениците дома
Официјалните податоци на МВР и ИнСтат покажуваат дека во изминатите 10 години, речиси 170.000 граѓани ја напуштиле Албанија, што ја натера владата да донесе национална стратегија за миграција до 2030 година, во чиј центар е враќањето на Албанците преку програми посветени на нивната реинтеграција, пишува Индекс онлајн.
Локалните власти, исто така, ќе можат да понудат стимулации за мигрантите, да ги вратат во нивните региони на потекло или во областите кои се најмногу погодени од недостигот на работна сила. „Со цел да се процени како повратниците можат да придонесат на националниот пазар на труд и каде ќе продолжат да постојат потребите за работна сила, планирани се неколку дијагностички активности.
Прво ќе се изврши ревизија на интелектуалните и професионалните капацитети на албанските имигранти“, се вели во соопштението. Владата одлучи да го промовира враќањето на Албанците преку промоција на инвестициите во земјава, како и подобрување на платите и условите за работа. Друга мерка е олеснување на меѓусебното признавање на квалификациите и компетенциите стекнати во странство. Со цел да се избегне трајно заминување на квалификувани Албанци, МВР го гледа како решение поттикнувањето и промовирањето на привремената миграција, особено циркуларната миграција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Раскинат е договорот со фирмата која го…
Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево,…
Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Нова тепачка во албанскиот парламент
Ден пред заедничката седница на парламентите на…
Грција е „чувар на европската траекторија на…
Премиерот Киријакос Мицотакис ја повтори поддршката на…