Албанија и Косово од денеска до крајот на септември ќе немаат гранични контроли
Граничните контроли меѓу Албанија и Косово ќе бидат укинати за нивните граѓани од денеска до 30 септември, според договорот меѓу двете земји.
Врз основа на овој договор, граѓаните на двете земји ја преминуваат границата преку граничниот премин Морина-Вармица по забрзана постапка вкупно девет месеци во годината.
Договорот, кој предвидува поедноставени процедури за преминување на границата за автомобили со косовски и албански регистарски таблички и кој беше постигнат пролетта минатата година, повторно стапи на сила со цел да се обезбеди побрзо и неограничено движење.
Тоа беше постигнато поради големиот број граѓани од Косово кои ја посетуваат Албанија главно за да ги поминат своите летни одмори таму.
Освен во периодот од 1 мај до 30 септември, според договорот, граничната контрола меѓу двете земји нема да се спроведува од 1 ноември до 28 февруари. Во овој период на олеснет граничен премин, не се вршат проверки на личните документи на граѓаните на двете земји.
Врз основа на договорот меѓу министерствата на двете земји, како и претходните неколку години, од идниот месец, па до септември, ќе функционираат и заеднички сообраќајни патроли.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…
Во Албанија е идентификуван првиот случај на…
Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…