Албанија како претседавач со Јадранската повелба, ќе се залага за зголемување на соработката во Западен Балкан и членството на Косово
Министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, на средбата организирана од албанското претседателство со земјите-членки на Американско-јадранската повелба (А-5), истакна дека Албанија останува решена да промовира мир и стабилност, охрабрувајќи на дијалог и зголемување на соработката во Западен Балкан, објави АТА.
Toj додал дека Албанија е “силен застапник за европската и евроатлантската интеграција на Западен Балкан“.
Истакнал дека за Албанија, како претседавач со Јадранската повелба, спроведувањето на политиката на отворени врати останува клучен приоритет.
Позитивниот одговор на долгогодишното барање на Косово за членство е клучен и задоцнет чекор што мора да се реши што е можно поскоро, порачал Хасани.
На состанокот учествувале земјите членки и набљудувачи на Јадранската повелба, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Македонија, САД, потоа Косово и Србија како набљудувачи и Словенија, поканета.
На Работната средба организирана на високо ниво на ОН, беше високо оценет фокусот на Албанија да ја води иницијативата, а дискусиите се фокусираа на случувањата во регионот и натамошното зајакнување на соработката наспроти заедничките безбедносни предизвици, наведува Агенцијата.
Посолува дека американско-јадранската повелба (САД-Јадранска повелба) е безбедносна политичка иницијатива со регионален карактер, однапред договорена на Самитот на НАТО во Прага (ноември 2002 г.), меѓу претседателите на Албанија, Хрватска, Македонија и САД. потоа се прошири со Црна Гора и Босна и Херцеговина, каде Косово, Словенија и Србија имаат статус на набљудувачи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија како претседавач со Јадранската повелба, ќе…
Министерот за Европа и надворешни работи, Игли…
Дипломати од Брисел: На 15 октомври Албанија…
Постојаните претставници на ЕУ на денешната средба…
Згомбиќ: На Албанија и Македонија треба да…
Хрватска силно ги поддржува земјите од Западен…
Рама: Албанија користи вештачка интелигенција за да…
Албанскиот премиер Еди Рама на панелот „Дијалог…
Гостинката од Албанија со цела листа на…
Гостинката од Албанија дојде со цела листа…