Албанија од вечерва во мрак: Казни над 400 евра за оние кои нема да ги почитуваат мерките за штедење!

t

Албанската влада доцна попладнево до Парламентот го достави планот – мерки за заштеда на електрична енергија.

Со документот предвидено е по 22 часот да се гасне осветлувањето на секој главен и спореден меѓуградски пат, како и надворешното осветлување на јавните и културните објекти, споменици, плоштади и фонтани.

Паралелно со ова, инвертерите во државните институции треба да бидат на температура пониска од 27 степени во текот на летото, додека во текот на зимата не треба да биде повисока од 21 степен за да се намали потрошувачката на електрична енергија.

Исто така, документот ги обврзува буџетските корисници да ја намалат потрошувачката на електрична енергија за 15 отсто, во однос на соодветниот месец од претходната година, во спротивно ќе бидат казнети.

За ова ќе биде назначен енергетски администратор во секоја институција и доколку не се постигне целта во рок од два месеца ќе биде казнет со 50.000 лека (410 евра).

Овој нормативен акт ќе биде во сила се додека трае периодот на вонредната состојба во снабдувањето со електрична енергија и не се применува за установи кои даваат здравствени услуги, училишта, градинки, полициски станици и установи за извршување на кривични решенија.

Институција задолжена за спроведување на овој нормативен акт е Министерството за инфраструктура и енергетика, додека со одлука на Управниот одбор на Електродистрибуција е формирана посебната работна група.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…

Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!

По налог на Специјалното обвинителство против организиран…

Албанија и САД слават 102-годишнина од воспоставување…

Албанија и САД ја слават 102-годишнината од…

Остра реакција на МАЕИ и партиите на…

 Партиите на Македонците, Власите, Египќаните и Ромите…