Објавено на:

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

t

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп за мигрантите кои Италија ќе ги префрли во таа земја, пред се оние луѓе кои имаат мали или никакви шанси за азил. Во тек е изградба на камп во близина на стариот воен аеродром Ѓадер, пишува Дојче веле.

Со неодамнешниот договор, Албанија ѝ ја предаде таа воена област на Италија на ограничен период. За изградба на контејнерски камп за баратели на азил не беше потребна албанска градежна дозвола. Таmu во иднина треба да бидат сместени повеќе од 3.000 мигранти и бегалци.

Имено, толкав број месечни барања за азил треба да се обработуваат таму. Италија во иднина ќе ги префрли во Албанија оние луѓе кои се спасени во меѓународни води на Средоземното Море. Тие прво ќе бидат префрлени во пристаништето Шенѓин, каде што веќе е подготвен помал прифатен камп. Тие луѓе треба да бидат регистрирани таму, да им се земат отпечатоци од прсти и други податоци пред да бидат префрлени во Ѓадер.

Според Италијанската амбасада во Тирана, одлуката за тоа кој всушност ќе биде префрлен во Албанија треба да се донесе веќе на бродовите за спасување мигранти. Одлуката за тоа кој во кој камп ќе биде префрлен ќе биде донесена во зависност од земјата на потекло и здравствената состојба на мигрантите и бегалците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Република Српска не го прифаќа британскиот план…

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…

Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…

МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…

Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…

Во Албанија е идентификуван првиот случај на…

Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…