Албанија продолжува да бележи напредок на патот кон ЕУ, вели Вархеји

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји, на социјалната мрежа „Х“ пишува дека Албанија како „земја која преговара за членство продолжува да напредува во реформите поврзани со ЕУ“.
Тој додава дека се сретнал со албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани на маргините на министерскиот состанок ЕУ-Западен Балкан „за да разговараат за следните чекори“.
-Албанија, како земја која преговара, продолжи да напредува во реформите поврзани со ЕУ. Се сретнав со министерот Игли Хасани на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи ЕУ-Западен Балкан за да разговараме за следните чекори. Нашата цел е да ги отвориме преговорите за членство на првиот кластер до крајот на оваа година, наведува Вархеји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ масовно инвестира во одбраната
Лидерите на Европската унија на самитот во…
Лидерите на ЕУ и земјите од регионот…
По повод трагичниот пожар во дискотеката во…
ЕУ подготвува посебен фонд за Украина за…
Земјите од Европската унија предложија создавање доброволен…
Кос: Албанија е остров на стабилност на…
Еврокомесарката за проширување Марта Кос ја нарече…
Македонската партија во Албанија се повлече од…
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса…