Објавено на:

Албанија урива рекорди – за шест месеци ја посетиле над 4,6 милиони туристи

t

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи, што е потврда дека станува се попривлечна дестинација.

Како што објави премиерот Еди Рама на Фејсбук во првата половина од годинава во земјата престојувале над 4,76 милиони странци, пренесува агенцијата АТА.

Посочува дека овие бројки укажуваат на „стабилизиран раст  на дојдовните текови и одржливи баланси во управувањето со туристичката понуда“.

„Престојот на 1,32 милиони странски посетители само во јуни се плод на успешна работа и зголемена одговорност за сите во следењето на летната туристичка сезона“, нагласува премиерот.

Поконкретно, во јуни 2023 година, Албанија ја посетиле 1.007.033 странски туристи, додека во јуни 2024 година земјата ја посетиле 1.244.967 странци. Во јуни годинава Албанија ја посетиле 1.329.204 странски туристи, или седум отсто повеќе во споредба со јуни 2024 година.

Правејќи споредба со периодот јануари-јуни 2023 година, наведува дека се регистрирани 3.396.932 странски туристи, додека во истиот период следната година имало 4.547.896.

Според Рама во периодот јануари-јуни 2025 година, резултатот е 4.761.648, или пет проценти повеќе во споредба со истиот период лани.

„Убавините на Албанија, од врвовите на нашите алпи, волшебните брегови на албанската ривиера и Јадранското Море, местата заштитени од УНЕСКО, спомениците на културното и природното наследство, националните паркови, прекрасните туристички села од север до југ, кулинарските задоволства и традиционалните производи привлекуваат се поголем број посетители“, констатира Рама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија урива рекорди – за шест месеци…

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски…

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Над 13 илјади странци се вработени во…

Развојот на различните сектори на економијата и…

Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…

Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…

МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…

Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…