Објавено на:

Албанија ја отвори новата НАТО воздухопловна база во Кучово

t

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај денеска официјално ја прогласи за отворена воздушната база на НАТО во Кучово. Според неговите зборови, оваа база „ќе и служи на Северноатлантската алијанса за оперативни и тактички цели“, пишува Албаниан пост.

Претседателот Бегај оцени дека отворањето на воздухопловната база во Кучово е „голема привилегија за Албанија и една од најголемите инвестиции на НАТО“ во таа земја. „Базата на НАТО го симболизира мостот што ги поврзува минатото и сегашноста.

Тоа е и симбол на безбедноста, а Албанија не е случајно избрана. Тоа е неопходна и добредојдена инвестиција бидејќи руската агресија врз Украина и ситуацијата на Блискиот Исток претставуваат предизвици“, рече Бегај и посочи дека отворањето на базата на НАТО Кучов е доказ за довербата на сојузниците кои ја гледаат Албанија како „достоен и посветен партнер“.

Албанскиот премиер Еди Рама изрази голема благодарност до сите фактори кои помогнаа во отворањето на оваа база, од НАТО до локалното население, за кои, како што рече, отсега ќе има повеќе работни места.

Албанија претходно вети дека ќе инвестира во оваа база со цел да ја модернизира и да може да служи како база на албанското воздухопловство. Покрај воената намена, оваа база ќе им пружи помош на соседните земји во борбата против природни катастрофи или други несреќи, затоа, според албанските власти, базата во Кучово е важна не само за Албанија, туку и за целиот регион.

Реконструкцијата на базата Кучово започна во јануари 2022 година, а оттогаш се работи на оградување и обезбедување, како и на заштита на околината каде што се наоѓа овој воен објект. Реконструкцијата на воздухопловната база Кучова е дел од билатералните договори што ги постигнаа албанскиот премиер Еди Рама и американскиот државен секретар Ентони Бликен.

Американскиот државен секретар потврди дека оваа база ќе има помош од сите земји партнери во НАТО за да се опреми со најнова технологија, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…

Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…

Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…