Објавено на:

Албанија ќе ги награди со по 50 илјади евра двајцата освојувачи на медали на Олимписките игри

t

Албанската влада одлучи парично да ги награди двајцата олимписки медалисти  Ислам Дудаев и Чермен Велиев.

– Владата одобри награда од 14,7 милиони леки(147 илјади евра) за спортистите кои освоија олимписки медали со високи резултати како и нивните тренери на Олимписките игри „Париз 2024“, стои во објавата.

Одлуката е објавена во Службен весник, каде што се нагласува дека на буџетската програма „За развој на спортот“ се додава фонд од 14, 7 милиони леки како  награда на спортистите кои освоија олимписки медали, како и на нивните тренери на Олимписките игри „Париз 2024“.

Освојувачите на медал освен награда во износ од  по 50 илјади евра, добиваат и чин полковник во албанската армија.

На 10 август, Чермен Валиев испиша историја во Париз  освојувајќи го првиот медал за Албанија во историјата на Олимписките игри, победувајќи го Виктор Расадин од Таџикистан во борење во слободен стил во тежина до 74 килограми.

Вториот бронзен медал на Албанија и го донесе борачот Ислам Дудаев, кој го победи првакот во категоријата до 65 килограми Исмаил Музукајев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија ќе ги награди со по 50…

Албанската влада одлучи парично да ги награди…

Албанија ја зајакнува соработката со САД на…

Албанија и САД продолжуваат да ја зајакнуваат…

Друштво „Преспа“: Македонците во Албанија се горди…

Во село Глобочени, Општина Пустец, делегација на…

Албанија го освои вториот медал на олимписките…

Aлбанија стигна и до вториот медал на…

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…