Албанската коалиција „Вреди“ денес на преговори во штабот на ВМРО-ДПМНЕ за формирање нова Влада

t

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на албански политички партии „Вреди“ денес ќе го одржат првиот состанок во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од „Слободен Печат“ повикувајќи се на извори од „Вреди“.

Тимот на ВМРО-ДПМНЕ е на потпретседателско ниво, односно преговорите ќе ги водат Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриевска Кочовска и Тимчо Муцунски. Во тимот на коалицијата „Вреди“ се Азир Алиу од Алијанса на Арбен Таравари, Висар Ганиу од Демократско движење, Аднан Азизи од Беса и Башким Муртези од Алтернатива.

Вчера, Арбен Таравари, еден од лидерите на „Вреди“ за „Инфомакс“ изјави дека веќе започнале неофицијалните преговори за усогласување на владината програма.

Тимовите за преговори се веќе подготвени и како што брифираат, на првиот состанок се очекува да ја дефинираат динамиката и методологијата на работа ќе се дефинираат областите и ќе почнат разговори за усогласување на програмата на идната влада, пренесуваат од „Слободен Печат“.

ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 8.мај освои 58 пратенички мандати, додека коалицијата на албански политички партии „Вреди“ освоија 13 пратенички места, за шест помалку од ДУИ кои освоија 19 пратенички мандати.

Веднаш по изборите во телевизиско интервју Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, отфрли било каква можност за коалиција со ДУИ, задржувајќи ја позицијата од пред изборите дека „Вреди“ е префериран албански партнер за формирање на нова владина коалиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…

Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…

Радев го додели третиот мандат: Мала е…

Претседателот на Бугарија Румен Радев му ја…