Албанската МНР во дипломатска офанзива во Шпанија: Важно е Косово да стане членка на меѓународните организации
Министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Олта Џачка, денеска разговараше со шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарес Буена и посочи дека треба да има поширока и поконструктивна заложба за членство на Косово во меѓународните организации, пренесува Репортерс.
На заедничката прес-конференција Џачка рече дека на средбата било разговарано за прашањето за дијалогот меѓу Косово и Србија, што е особено важно бидејќи, како што рече, тоа е основната алка за стабилноста и безбедноста на Балканот.
„Албанија е благодарна за напорите на Европската унија и нашите американски партнери за постигнување договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Се надеваме дека договорот ќе биде имплементиран што е можно поскоро, бидејќи тоа би имало многу позитивен ефект за стабилноста, но и за регионалната соработка и секако ќе отвори нова перспектива за конечното решение меѓу Косово и Србија“, рече Џачка.
Таа оцени дека е во интерес на Европската Унија да има поширока заложба во однос на членството на Косово во меѓународните организации.
„Сметаме дека во најдобар интерес на регионот и на самата Европска унија е да има најширок и најконструктивен ангажман со Косово, вклучително и неговото членство во меѓународните организации, со цел да се избегне изолација која би имала последици не само за Косово, туку и за сите нас“, рече таа.
Шпанскиот министер Хозе Мануел Албарес Буено, чија земја е во групата на пет земји од ЕУ кои не го признаа Косово, не се задржа премногу на прашањето за Косово.
Тој накратко напомена дека тема на разговорот биле односите меѓу Косово и Србија и вети дека Шпанија ќе ја поддржи Албанија во процесот на пристапување во Европската унија.
„За време на шпанското претседателство со Европската унија, ќе го поддржиме напредокот на Албанија во процесот на членство. И нашата поддршка за членството на Албанија во Европската унија ќе биде многу активна во текот на шесте месеци кога Шпанија ќе претседава со ЕУ. Односите меѓу Албанија , Балканот и ЕУ се теми за кои разговаравме со министерот. Разговаравме дека зборуваме и за односите на Косово со Србија“, рече шефот на шпанската дипломатија.
Тој најави дека ќе се организира средба на премиерско ниво меѓу Албанија и Шпанија со цел дополнително зајакнување на соработката на различни полиња.
Албанија и Шпанија потпишаа и меморандум за соработка со цел да се постигне најдобра можна координација на работата за европските интеграции.
Шефот на шпанската дипломатија ја посети Албанија по повод шпанското претседателство со ЕУ во втората половина од годинава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
Раскинат е договорот со фирмата која го…
Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево,…
ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…