Албанската полиција во Корча спасила македонски параглајдерист

t

Пограничната полиција од Корча му помогна на македонски параглајдерист кој, поради големото невреме вчера, бил однесен на албанска територија. Полицијата веднаш реагирала, го локализирала и спасила спортистот В.П., кој бил во добра здравствена состојба, соопшти Дирекцијата за миграција и граница од Корча.

Службите постапиле по информација од капетанијата во Свети Наум, Македонија, дека силните ветрови го пренасочиле летот на параглајдеристот кон селото Аларуп, Поградец. Тој бил превезен до граничниот премин Тушемиште и вратен на македонска територија, каде им се заблагодарил на полициските служби за брзата и професионална интервенција.

Од Дирекцијата за миграција и граница од Корча потсетуваат дека граничната полиција останува максимално ангажирана и ги повикува граѓаните, посетителите и туристите да се јавуваат на бесплатниот број 112 доколку имаат потреба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанската полиција во Корча спасила македонски параглајдерист

Пограничната полиција од Корча му помогна на…

Мециновиќ: Мицкоски ги направи министри, директори и…

Во гостување на Слободен Печат ТВ, кандидатот…

Лидер на Хутите му се закани на…

Лидерот на Врховниот политички совет на јеменското…

ДАЛИ КУТРИТЕ СЛЕПИ ДЕЦА ЗАСЛУЖУВААТ… БЕТОН?!

ДАЛИ КУТРИТЕ СЛЕПИ ДЕЦА ЗАСЛУЖУВААТ... БЕТОН?! Коалицијата…

Руски научници создадоа „хемиски коктел“ против стареење…

Научниците од Националниот истражувачки универзитет Нижни Новгород…