Објавено на:

Албанскиот премиер со провокативна изјава: Никој не ни може ништо додека сме во НАТО

t

Доколку Албанија не е дел од НАТО, таа би била лесен плен за секого, но сега никој ништо не и може, изјави албанскиот премиер Еди Рама, во разговор во живо со граѓани на Фејсбук.

Според Рама, и Албанија не може, а да не е опфатена со кризата, бидејќи војната ги засегнала сите.

-Војната ги погодува сите, цената на енергенсите е зголемена во соседните земји. Ние не ја зголемуваме цената на енергијата, субвенционираме 80 отсто, што значи милиони. Добро би било да ги остраниме сите даноци, но тогаш со што ќе ги финансираме, рече Рама.

Точно е, додаде тој,  дека  во Албанија има данок на нафтата и нагласи дека   „не мислам дека ако го укинеме правиме добра работа, зашто има цел зошто е воведен“.

-Дали знаете дека во Македонија и Косово плаќаат десет проценти данок. Не велам дека нашето решение е најсовршено, но не можеме да војуваме со фактите. Затоа што имаме најниска минимална плата, од 30.000 лека (245 евра) владата субвенционира семејства со ниски примања. Даноците на платите на малите бизниси се прилично минимални. Да се ​​тргне данокот на нафта и да се стави на плата? Ги прашувате пријателите и роднините што ги имате во Италија, како се чувствуваат во моментов, како се чувствуваат со приходите, одговори Рама со прашање на забелешка на граѓанин околу високата цена на горивата.

Претходно, премиерот Рама на денешната средба со снабдувачите на горива, најави дека ќе се формира Национален одбор за снабдување со горива кој дневно ќе носи одлука за цената на горивата и предупреди дека секој кој нема да ја почитува определената цена од овој орган, ќе ја изгуби дозволата за работа.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…

„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…

Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…

Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…

МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…

Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…

Во Албанија е идентификуван првиот случај на…

Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…