Албански државјанин „оперирал“ во автобуси на ЈСП Скопје

t

Полицијата вчера го приведе Ц.Ш. (47) од Албанија, бидејќи се сомничи дека извршил џепна кражба во автобус на ЈСП Скопје.

Според информациите од полицијата, Ц.Ш. одзел паричници од чанти на две жени од Скопје, додека тие патувале во автобусот. По инцидентот, осомничениот бил пронајден и лишен од слобода на Транспортниот центар во Скопје.

„По извршувањето на службениот разговор, осомничениот беше задржан во полициска станица“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Полицијата најави дека по целосното документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава во координација со јавен обвинител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Учениците ќе се возат бесплатно во автобусите…

Од ЈСП Скопје информираа дека средношколците кои…

ЈСП ќе вози по неделен ред за…

ЈСП – Скопје информира дека по повод…

Повторно нападнат возач на ЈСП додека управувал…

Нов напад на возач на автобус на…

Нови 11 МИЛИОНИ во џебот на Маратон…

Државната лотарија на Република Македонија склучи договор…

Човек кој немал билет нападнал и тепал…

Контролор во автобус на ЈСП „Скопје“ синоќа…