ЈСП ќе вози по неделен ред за Духовден и Курбан Бајрам
ЈСП – Скопје информира дека по повод верските празници Духовден и Курбан Бајрам, за време на трите дена од продолжениот викенд, 6, 7 и 8 јуни, ќе се работи по неделен возен ред.
Во сабота билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. Во петок и недела, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот.
Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…
Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…
ЈСП со демант: Не е точно дека…
Во врска со изнесените наводи во јавноста…
Скопјанка сведочи за потегот на возач на…
Возач на автобус на ЈСП со својата…
Распишан е нов тендер за набавка на…
Тендерот за набавка на 100 автобуси за…
Левица: Продолжува голготата на скопјани – пропадна…
„Пет години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира скопјани со…